Се зголемува бројот на инвеститори на Македонската берза

05.12.2017 15:26

Со нова апликација до полесно тргување на Македонската берза. Преку неа клиентите ќе можат електронски да ги праќаат налозите и да имаат увид. Од Македонската берза велат дека податоците покажуваат раст на прометот. Се зголемил и бројот на странски инвеститори и на физичките лица кои купуваат на берзата...

Расте бројот на странските купувачи и на физичките лица на Македонската берза. Лани странците учествувале со околу 10 проценти, а годинава изнесува 14. Ова се добри сигнали, вели првиот човек на Македонската берза, Штериев. Во првите 11 месеци од годинава има тренд на помал нето одлив од домашниот кон надворешните пазари. Просечниот дневен промет бележи зголемување за околу 27 проценти. Зголемување има и кај тргувањето со акциии кај блок трансакциите.

Македонската берза ја промовираше новата електронска апликација која има за цел крајните корисници на полесен и побрз начин да го вршат тргувањето и од дома.  Со оваа апликација се заменува традиционалниот начин.

Очекувањата за Македонската берза за идната година се оптимистички. Вкупниот промет остварен на берзата заклучно до ноември годинава, изнесува околу 4,4 милијарди денари, од кои 58,9 проценти е тргување со котирани а само 1,4 проценти, од тргнувањето е со некотирани компании.

 

Дијана Ценевска