Црвениот крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството

05.12.2017 15:43

Хуманитарно, без паричен надоместок, волонтерите помагаат и прават промени во заедница. Во Црвениот крст одбележан Светскиот ден на волонтерството. Благодарници добија сите кои преку различни активности се залагаат за поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна...

Волонтирајќи шириме хумана мисија и правиме промени во заедницата, вели Никола Чаушевски. Повеќе од половина живот го посветил на хуманитарната работа. Непристрасно помага и стигнува секаде и за секого, без никаков паричен надоместок.

Пет години Црвениот крст на Македонија, на овој ден им врачува благодарници на волонтерите кои преку различни активности секојдневно се залагаат за поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна.

Волонтерите години наназад организираат различни акции, им даваат помош на бегалците, даруваат крв, подготвуваат оброци за бездомниците и социјалните случаи.

 

Александра Спировска