УЈП со нова алатка- „Е- персонален данок на доход“

06.12.2017 12:19

Законските измени за реформите во УЈП се веќе изготвени. Според раководителот за соработка при делегацијата на ЕУ, Бертолини, реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ.

Од идната година почнува електронското пријавување на персоналниот данок на доход, од 2019-та година УЈП електронски ќе ја праќа пополнетата годишна даночна пријава- најавија од Управата за јавни приходи.

Ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме рамо до рамо со модерните даночни администрации, истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска и додаде дека реформите драстично ќе го намалат досегашното чекање пред шалтерите.

Законските измени за реформите во УЈП се веќе изготвени. Според раководителот за соработка при делегацијата на ЕУ, Бертолини, реформите на јавните финансии се клучен чекор за подготовка на Македонија за членство во ЕУ.

Проектот за Е- персонален данок на доход беше финансиран со околу сто илјади евра.