Соботка: ЕУ не смее да ги заборави балканските земји

06.12.2017 12:36

Доколку сака да остане обединета, Европа не смее да ги заборави тие што чекаат пред нејзините порти...

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка оцени дека Европската унија не смее да ги заборави балканските земји и треба да ги прими како полноправни членки, откако ќе ги исполнат условите за членство.

„Доколку сака да остане обединета, Европа не смее да ги заборави тие што чекаат пред нејзините порти. Западниот Балкан повеќе пати покажа дека е подготвен да соработува и да ги исполнува потребните реформи. Овие земји ја заслужуваат истата шанса за европска иднина, каква што и беше пружена и на Чешката Република. Не мора да се придружат на нашиот клуб уште утре, но ние мора да ја држиме вратата отворена“, наведува Соботка во текст објавен денеска на порталот „Политико“.