Утврден предлог- текстот за националната програма за членство во НАТО

06.12.2017 12:43

Владата го усвои и предлог законот за ратификација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените...

Влада на Република Македонија го утврди и предлог- текстот на годишната Национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017- 2018 година, како документ отворен за натамошна надградба, изјави портпарол на Владата, Миле Бошњаковски.

Според него Владата ја разгледа доставената информација од страна на амбасадата на нашата земја во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави.

Владата го усвои и предлог законот за ратификација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство