Ученици од Скопје, Неготино и од Свети Николе во посета на МТВ

06.12.2017 12:56

Ученици од Скопје, Неготино и од Свети Николе во посета на Македонската телевизија. Се интересираа за технологијата што се користи за подготовка на програмата, но и за можноста образованието да го продолжат во некоја високо школска институција, за да продолжат со работа во Националниот јавен сервис...

Средношколците од Скопје, Неготино и Свети Николе, имаа можност да ја посетат Македонската телевизија и да се запознаат со професијата новинар и начинот на известување за вестите на националниот радиодифузен сервис.

„Фасциниран сум, интересно е, очекував малку поразлично да биде, но, и ова ми се допаѓа.“

„Би сакала да бидам политичар, тоа ми е животна желба“, рекоа дел од учениците.

Учениците ги интересираше како новинарите известуваат секојдневно од дома и од странство и како се создава програмата на Македонската телевизија во студијата. Некои од нив изразија желба и да станат новинари.

„Ова дефинитивно игра улога за да одберам.“

„Неготино нема ниту локална телевизија, ниту било какво средство за информирање од локален карактер, па затоа ова ми дава инспирација да го направам локално во нашиот град и да имаме дописник во Скопје, така што целата држава би знаела што се случува во нашиот град“- изјавија учениците.

Посетата на учениците во Македонската телевизија е традиција што заедно со Македонскиот институт за медиуми се спроведува секоја година.

 

Ирина Гелевска