Средба Заев- Тајани

06.12.2017 14:22

Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запознал Тајани со главната цел на владата- да се направи сѐ, 2018-та година да биде година на успех за Македонија, со донесување одлука за започнување на преговорите за пристап.

Премиерот Зоран Заев, на средбата во брисел со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани искажал задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запознал Тајани со главната цел на владата- да се направи сѐ, 2018-та година да биде година на успех за Македонија, со донесување одлука за започнување на преговорите за пристап.

На средбата премиерот Заев нагласил дека „сега е време да се искористат овие напори и во првата половина на 2018-та година, Советот на ЕУ да усвои одлука за почеток на пристапните преговори, за која се очекува да пристигне од страна на Европската комисија“.

Во негово, и во име на Европарламентот, Тајани изразил очекување дека во новата стратегија за проширување на ЕУ, што се очекува да биде објавена наскоро, ќе биде испратена јасна порака дека Република Македонија, и другите земји од Западен Балкан се во приоритетите на таа стратегија, се вели во соопштението на владината прес- служба.

Се очекува Заев да се сретне и со претседателот на европската комисија Жан- Клод Јункер, европретставничката за надворешна политика и безбедност Могерини, и еврокомесарот Хан.

Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.