Метео: Утре сончево, утрински температури под нулата

06.12.2017 14:33

Во текот на денот се очекува релативно топло време со максимална температура до 16 степени.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и ведро време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде студено со минимална температура на повеќе места неколку степени под нулата.

Во текот на денот се очекува релативно топло време со максимална температура до 16 степени.

Сончевото време ќе продолжи и во петок, а од сабота попладне ќе настапи промена на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска