Столтенберг: Да се смират тензиите

06.12.2017 15:13

Главната одговорност е пред сѐ на земјите во регионот, но и на НАТО, да помогне во избегнување на каков било судир во Западен Балкан, изјави генералниот секретар на НАТО, коментирајќи ја актуелната безбедносна ситуација во регионот.

Апелираме до сите страни во Западен Балкан да направат сѐ што е во нивна моќ за намалување на тензиите, избегнување на потпалувачка реторика и спречување нови вооружени судири во регионот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Главната одговорност е пред сѐ на земјите во регионот, но и на НАТО, да помогне во избегнување на каков било судир во Западен Балкан, изјави генералниот секретар на НАТО, коментирајќи ја актуелната безбедносна ситуација во регионот.

Столтенберг посочи дека НАТО соработува со сите партнерите од регионот.