Македонија го почнува 18-от Акциски план за членство во НАТО

06.12.2017 15:27

Влада на Република Македонија го утврди и предлог- текстот на годишната Национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017- 2018 година, како документ отворен за натамошна надградба, изјави портпарол на Владата, Миле Бошњаковски...

Македонската Влада на последната седница го утврдила предлог- текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017- 2018 година. Како што изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на седницата се донела одлука делегацијата на Македонија да ја претстави програма за членство во НАТО за 2017- 2018 година во Брисел.

„Документот е отворен за натамошна надградба. Исто така, во однос на ова прашање, Владата на РМ донесе одлука делегација да РМ да ја претстави Националната програма за членство во НАТО, со што и официјално ќе започне 18-от циклус на Акцискиот план на РМ за членство во НАТО. Треба да ја претстави пред Комитетот на заменици и постојани претставници на земјите- членки во Алијансата, на состанок кој е закажан за 11 декември оваа година“, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Министерството за економија на владината седница ја презентирало информацијата за изменување на Законот за трговија. Измените како што посочи портпаролот на владата се во насока на укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.

Министрите ја усвоиле информацијата за реконструкција на железничката пруга Куманово- Бељаковце од железничкиот Коридор 8. Владата ги задолжи Македонски железници да формираат единица за реализација на проектот и на акциски план во кој ќе бидат наведени сите активности кои треба да се преземат, за надминување на проблемите со утврдена динамика и временски рок.

 

Игор Панов