УЈП работи на зголемување на даночната ефикасност

06.12.2017 15:45

Од идната година почнува електронското пријавување на персоналниот данок на доход, а од 2019-та година, УЈП електронски ќе ја праќа пополнетата годишна даночна пријава. Законските измени за реформите во УЈП се веќе изготвени.

Управата за јавни приходи работи на зголемување на даночната ефикасност. В година, персоналниот данок на доход ќе се пријавува по електронски пат, од 2019-та, пак, Управата ќе издава пополнета годишна даночна пријава.

Даночниците очекуваат, новиот проект „Е-персонален данок на доход“ да го олесни плаќањето и прибирањето на средствата и да ги намали турканиците пред шалтерите.

Законските измени за реформите во УЈП се веќе изготвени, се очекува да бидат донесени до крајот на годинава. Брисел смета дека ова е важно за подготовката на Македонија за членство во Европската унија.

Македонија за модернизација на даночната администрација има 6,2 милиона евра европски пари.

 

Дијана Ценевска