САД

Страотни пожари во Калифорнија, евакуирани 30.000 луѓе

06.12.2017 16:16

Страотни пожари во Калифорнија. Десетици илјади луѓе се евакуирани, предизвикана е голема материјална штета. Во областа Вентура е прогласена вонредна состојба. Службите грчевито се борат со огхената стихија...

Најголемиот и најразорниот пожар што гори во Јужна Калифорнија го зафати автопатот и стигна речиси до брегот на океанот, поради што е наредена итна евакуација. Пожарникарите изјавија дека една од главните цели е да се спречи пожарот кој гори северно од големиот автопат, да ги зафати крајбрежните градови во Калифорнија.

„Одеднаш видов како пожарот се шири и се приближува кон нас. Беше многу страшно. Не би сакал тоа да му се случи никому. Фала му на бога за пожарникарите.“

„Нема да биде готово се додека не се смири ветрот. Ова е неописливо.“

Огнената стихија сепак ја зафати областа околу камената плажа Солимар, која се наоѓа северозападно од густо населениот град Вентура. Коњи и други животни беа евакуирани од различни места, и засега нема информации за повредени или загинати животни.

„Лудо е. Не знам каде да ги однесеме. Мојот автомобил и мојот цимер се некаде заглавени. Не можат да излезат. Ова е лудо.“

Според властите, недостатокот од вегетација во тој дел го ублажува ширењето на пожарот. Огнот уништил најмалку 150 илјади објекти и принуди 30 илјади луѓе на евакуација.

Засега нема жртви во пожарите кои, поради силниот ветер, се проширија на 180 квадратни километри. Во опасност е и големиот забавен парк „Волшебната планина“.

Гувернерот на калифорнија Џери Браун прогласи вонредна состојба во областа Вентура и ангажираше 1.000 пожарникари да го спречат ширењето на пожарот кон погусто населените области. 

 

Марина Ристова