Експресна расправа

06.12.2017 16:18

Заврши општата, почна амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2018-та година. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат, иако им се прифатени неколку предлози...

Експресно за само два дена, без опозициски реплики и жестока дебата заврши општата расправа по Предлог- буџетот за в година. Празни останаа столчињата резервирани за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Продолжи амандманската. И со неа заседава пратеникот Васко Ковачевски, назначен за времен претседател од собранискиот спикер Џафери. Се разгледуваат 279 амандмани, 204 поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и 75 од БЕСА. Најголем дел одбиени, зелено светло за неколку, и тоа само видеоизменети. Има проекти на кои треба да им се посвети внимание- уште еден апел до колегите од опозицијата, да се вклучат во расправата.

И ресорниот министер ја повика опозицијата да се врати да дебатира за буџетот. Останаа уште три дена до законскиот 10-ти ден за пеглање на предлог проекцијата во матичната комисија. Тевдовски цврсто уверен дека буџетот ќе се донесе.

И последниот ден од општата расправа на матичната комисија, пратениците од власта го фалеа буџетот. Повеќе пари се насочени кон граѓаните, ќе се обезбеди финансиска стабилност на државата- провејуваше низ ставовите.

Ако вака експересно, без дебата, продолжи претресот по амандамните, иако се речиси триста, комисијата со работа може да заврши многу покоро од законските десет дена. Потоа предлог- проекцијата на државната каса ќе се најде на пленарна седница и на гласање може да заврши пред планираниот 18-ти декември.

За плати, пензии, социјални надоеместоци, субвенции, подршка на фирмите, в година планирано е да се одлеат три милијарди евра. Од даноци да се соберат 2,3 милијарди, од зголемената акциза 26 милиони евра. Со проектиран раст од 3,2 проценти, буџетот во 2018-тата според финансии ќе тежи 3,4 милијради евра, најголем од осамостојувањето на државата.

Сузана Фиданска Стоевска