Заев на средби во Брисел

06.12.2017 17:08

„Да се направи сѐ, 2018-та година да биде година на успех за Македонија со донесување одлука за почнување на преговорите за пристап“, премиерот Заев на средба со европските авторитети...

Сега е време да се искористат овие напори и во првата половина на 2018-та година, на препорака на Европската комисија, Советот на ЕУ да усвои одлука за почеток на пристапните преговори, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Целата на Владата, потенцираше премиерот, е преку испорачување на резултати од реформите земјата повторно да се претстави како кредибилен партнер пред меѓународната заедница.

Претседателот на Европарламентот, Тајани изразил очекување дека Република Македонија ќе биде дел од новата стратегија за проширување на ЕУ, заедно со останатите држави од Западен Балкан. Врвот на Брисел со став дека има видливи резултати во реформскиот процес.

За време на работната посета во Брисел премиерот Заев оствари средба и со високата преставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на која тој нагласи дека во фокусот на владините политики е решавање на отворените прашања, конкретно со Грција.

„Бараме помош и подршка како да најдеме соодветно и одржливо решение кое ќе има поддршка од двете земји“, истакнал Заев. На средбата со шефицата на европската димломатија била констаирана неопходноста од соработката со опозицијата за важните стратешки прашања.

Могерини дала позитивно мислење за досегашните напори на владата за брз напредок на државата, што ќе допринесе и за стабилност и напредок на целиот регион.

 

Марина Стојанова- Тонева