Ердоган во историска посета на Грција

07.12.2017 10:24

Ердоган ќе се сретне со грчкиот претседател Павлопулос и со премиерот Ципрас, по што ќе отпатува во Западна Тракија, каде што ќе има средби со претставници на локалните жители, кои за Грција се „муслиманско“, а за Турција „турско малцинство“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе допатува во дводневна историска посета на Грција. Целта е да се забрза подобрувањето на односите меѓу двете земји, кои се оптоварени со повеќе спорови.

Ердоган ќе се сретне со грчкиот претседател Павлопулос и со премиерот Ципрас, по што ќе отпатува во Западна Тракија, каде што ќе има средби со претставници на локалните жители, кои за Грција се „муслиманско“, а за Турција „турско малцинство“. 

Главни теми на разговорите на Ердоган со неговите грчки домаќини ќе бидат мигрантската криза, регионалните односи, енергетиката и кипарскиот проблем.