Северна Кореја: Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа

07.12.2017 11:04

Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нукеларна војна...

Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров факт, соопшти министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нукеларна војна,  изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.