Калифорнија

Пожарите стигнаа до Лос Анџелес

07.12.2017 11:40

Ова е најголемата ерупција на пожари во историјата на Калифорнија, а пожарникарските служби за првпат досега прогласија виолетова тревога...

Пожарите кои со денови беснеат низ Јужна Калифорнија стигнаа и до Лос Анџелес, а во најголема опасност е елитната населба Бел Ер. Огнот веќе уништи неколку куќи во оваа ексклузивна област, каде што брзо зафати површина од 60 хектари.

Ова е најголемата ерупција на пожари во историјата на Калифорнија, а пожарникарските служби за првпат досега прогласија виолетова тревога, што е највисок степен на опасност.