Премиерот Заев во Софија на конференција за интеграција на Балканот

07.12.2017 11:55

На конференцијата ќе се разговара за гранични олеснувања и на трговијата, но и за регионални ИТ и технолошки кластери, за отворање перспективи за приватниот сектор...

Од Брисел, македонскиот премиер Зоран Заев директно во Софија, каде што учествува на меѓународната конференција „Пoсилна регионална интеграција на Балканот“. Синоќа присуствуваше на вечерата што ја организираше бугарскиот премиер Бојко Борисов за премиерите од Западен Балкан.

На конференцијата ќе се разговара за гранични олеснувања и на трговијата, но и за регионални ИТ и технолошки кластери, за отворање перспективи за приватниот сектор. Конференцијата ја отвораат бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот извршен директор на Светската банка Кристалина Георгиева.

Премиерот Заев е придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески.

На конференцијата во Софија учествуваат и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вецпремиерот и министер за трговија на БиХ, Мирко Шаровиќ, како еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.