Прифатено обвинението за случајот „Титаник 2“

07.12.2017 11:58

Осомниечени се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешни и сегашни членови на Државната изборна комисија и петмина судии од Управниот суд.

Советот за оценка за обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Титаник 2“, што се однесува на изборни нерегуларности.

Осомниечени се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешни и сегашни членови на Државната изборна комисија и петмина судии од Управниот суд.

Сите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување поврзано со изборни нерегуларности.