За пет проценти поголем буџет за образование во 2018-та

07.12.2017 12:00

Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто. Буџетот за образование во 2018 година е развоен и со него ќе се инвестира во квалитет и подобри услови за сите, истакна Дескоска.

Буџетот за образование за 2018-та ќе тежи над 406 милиони евра, за пет проценти повеќе од годинава. Ресорната министерка Рената Дескоска вети зголемени средства за блок- дотации за општините и повисоки плати за наставниците.

Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто. Буџетот за образование во 2018 година е развоен и со него ќе се инвестира во квалитет и подобри услови за сите, истакна Дескоска.

Како што соопшти министерката на денешната прес- конференција, за основно образование се предвидени 45 проценти од буџетот, 26 отсто се за високо образование, 19 проценти за средно, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто се предвидени за наука, а 1,8 отсто за администрација.