Одложено рочиштето за „Тотал“

07.12.2017 12:44

Aдвокатите на Латас побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж...

Одложено рочиштето за предметот „Тотал“. За даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ- Латас. Неговите адвокати побараа судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж.

Забележаа дека во записникот од првото рочиште, нивните зборови не биле доследно интерпретирани. Судијката рече дека во судницата не постојат технички можности за такво снимање и оти од тие причини записниците се водат компјутерски. Се бараат можности за евентуално судење во најголемата судница во Кривичен.

Павловиќ побара судењето да не биде снимано од новинарските екипи. Тој се товари за даночно затајување од 63 илјади евра за периодот од 2008 до 2015 година, а правните лица дека го оштетиле буџетот за 121 илјада евра.