Јавно обвинителство: Предистражна постапка за перење пари

07.12.2017 13:03

Ова е резултат на објавените написи од повеќе медиуми во Македонија на изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи Јеремиќ, за наводно перење пари во Република Србија од високи македонски функционери...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка поради постоење индиции за сторено кривично дело- перење пари.

Ова е резултат на објавените написи од повеќе медиуми во Македонија на изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи Јеремиќ, за наводно перење пари во Република Србија од високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка, информираат од Обвинителството.