Над 30 проценти од самохраните мајки се невработени

07.12.2017 14:43

Заокружен проектот „Програма за вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската унија. Се спроведуваше во Скопје, Битола и во Штип. Се реализираа обуки за развој на бизнис вештини и за унапредување на базичната компјутерска едукација и напредни компјутерски познавања.

Над 30 проценти од самохраните мајки во Македонија се невработени, проценка на граѓанскиот сектор. Потребни се проекти кои ќе ги вклучат на пазарот на труд, вели претседателката на здружението на бизнис- жени.

Подготовка и унапредување на компетентноста на самохраните мајки е цел на проектот за вработување и самовработување.  Реализирани се обуки за развој на бизнис вештини, вокациски обуки, како одговор на потребите на ученисничките, но и потребите на компаниите.

Проектот е финансиран од Европската унија. Од бизнис- конфедерацијата сметаат дека се потребни вакви програми.

Речиси 90 самохрани мајки биле дел од обуките, а проектот трае една година. Базична компјутерска едукација и напредни компјутерски вештини учеле жените во Скопје, Битола и во Штип.

 

Наташа Јанчиќ