Случај „Насилство во Центар“: Почна доказната постапка

07.12.2017 14:47

Почна доказната постапка во случајот „Насилство во Центар“. Обвинетите се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, поранешниот министер Јанакиески и пратеничката Рангелова. Апелацискиот суд одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори. Претходно, пред судот признаа вина Јордан Ристевски и Томислав Лазаров, кои добија условна казна...

Почна доказната постапка во случајот „Насилство во Центар“. По прашањата на специјалното обвинителство сведочеше поранешниот градоначалник, Андреј Жерновски. Одговори дека во судницата препознава учесници во протестите.

Обвинителката Фетаи вели дека е позитивно тоа што почнало изнесувањето на докази. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет во случајот, судењето било апсурдно зашто сведоци се политички противници.

На наредното рочиште, Жерновски ќе одговара на прашањата на адвокатите. Апелација одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори. Двајца од обвинетите признаа вина по што судот им одреди условна казна.

 

Наташа Гркова- Петрушевска