Иванов се обрати на форумот „Мир и спорт“ во Монако

07.12.2017 14:54

Шефот на државата оцени дека овие меѓународни форуми придонесуваат во изнаоѓање решенија за глобалните проблеми и предизвици.

Македонскиот претседател Иванов пред учесниците на 10. Меѓународен форум „Мир и спорт“, што се одржува во Монако, порача дека спортот придонесува за помирување, сплотување на луѓето и надминување на предизвиците од денешницата.

Спортот е фактор кој придонесува не само за помирување, туку за постигнување на оние вредности кои се неопходни за едно општество да гради здраво поколение, бидејќи младите се тие на кои најмногу им е потребно она што го нуди спортот - натпревар и градење на здрави луѓе, во здраво општество, кое ќе биде едноставно посветено на мирот и на просперитетот, рекол Иванов, кој третпат учествува на меѓународниот форум „Мир и спорт“.

Шефот на државата оцени дека овие меѓународни форуми придонесуваат во изнаоѓање решенија за глобалните проблеми и предизвици.

Десегодишнината од меѓународниот форум „Мир и спорт“ во Монако се одбележува во присуство на околу 500 претставници од држави од сите континенти, нобеловци, луѓе од спортот, од политиката, од бизнисот, невладиниот сектор.

Според најавите, македонскиот претседател ќе оствари средба со принцот на Монако, Алберт Втори.