Метео: Нов влажен бран за викендот

07.12.2017 14:59

За време на викендот нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран проследен со врнежи од дожд кои ќе започнат во сабота кон крајот на денот, а ќе продолжат и во недела.

Утре во Македонија ќе се задржи претежно сончево време со студено утро и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Максималната температура се очекува достигне до 16 степени.

За време на викендот нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран проследен со врнежи од дожд кои ќе започнат во сабота кон крајот на денот, а ќе продолжат и во недела.

На планините и на некои повисоки места се очекуваат и врнежи од снег.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска