Учениците со посебни потреби се соочуваат со проблеми

07.12.2017 16:17

Учениците со посебни потребни се соочуваат со физички бариери во образовниот процес. Има и недостиг од дефектолози- покажува извештајот на народниот правобранител...

Додека сите беа во фискултурна сала, јас седев во училница, кога сите беа на вториот кат јас неможев да се качам, раскажува Марија савеска. Вели- само со кажување на нашите права ние можеме да си ги оствариме нашите соништа. Се запишала во редовно училиште бидејќи во иднина се гледа како академски граѓанин, а и од секогаш сакала да прави работи што ги правеле останатите деца.

Околу 250 ученици со попреченост во средното образование секојденвно се соочуваат со проблеми. Потребни се дефектолози, изработување на индивидуални образовни планови за работа со учениците, внатрешни лифтови, покажуваат резултатите од истражувањето.

Центарот на образованието е самото дете, образованието е право за сите деца, а тоа може да се постигне само со промена на размислувањата, вели Елспет Ериксон, заменик претставник од УНИЦЕФ во земјава.

Од Министерството за образование велат дека една од основните заложби на Владата е да се обезбеди едно општество за сите. Дел од средствата во буџетот ќе бидат наменети и за обезбедување на пристапни рампи во училиштата.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска