Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година

13.12.2017 12:04

Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во Лигата на шампионите.

Голманот на Вардар, Арпад Штербик беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“.

Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.

Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во Лигата на шампионите.

Покрај Штербик кој собра вкупно 89 бода во идеалниот тим влегоа: Уве Генсхајмер 82 бода (ПСЖ), Микел Хансен 71 (ПСЖ), Никола Карабатиќ 73 (ПСЖ), Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол  44 (Скјерн).

Најмногу гласови во изборот за најдобар одбранбен ракометар доби Лука Карабатиќ (40 бода) од ПСЖ. Втор во оваа категорија е Илија Абутовиќ од Вардар со 33 бода.

На вторите места во категориите лево крило и плејмејкер се најдоа Тимур Дибиров (41 бод), односно Лука Циндруиќ (62 бода).