Најпребаруваните поими на интернет за 2017 година

14.12.2017 11:04

Ирма, Ајфон 8 и Ајфон Икс се најпребаруваните поими во 2017 година на Гугл.

Ураганот Ирма, Ајфон 8 и Ајфон Икс се најпребаруваните поими во 2017 година на Гугл.

Телевизискиот водител Мет Лауер е на четврто место на таа листа, а петта е вереницата на британскиот принц Хари - Меган Маркл. Годишниот извештај на Гугл покажува дека таа воедно е и прва во поткатегоријата за најпребарувани актери.

На второ место овде е контроверзниот Кевин Спејси.

Кога станува збор за поткатегоријата избори, корисниците на Гугл биле позаинтересирани за политичките збиднувања во Франција отколку оние во Германија, Велика Британија и сите други.

Најпопуларна песна годинава е, секако - порториканскиот и светски хит „Despacito", a на второ место е „Shape of You" на британскиот поп-изведувач Ед Ширан. Најпопуларни спортски настани се Вимблдон и Супербоул.