„Лет над кукавичјото гнездо“ премиерно на сцената на Драмски театар

20.12.2017 15:39

В петок премиера во Драмски театар, „Лет над кукавичјото гнездо“ во режија на Ристо Алексовски. Главните улоги ги толкуваат Сашо Тасевски, Емилија Мицевска, Соња Стамболиска, Благоја Чоревски. Приказната се одвива во душевна болница, со што за актерите оваа претстава е огромен предизвик...

„Овде во ова наше мало одделение ќе можете да го видите најлудиот карневал што некогаш поминал низ вашиот град“ - ова е најавата за претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, чија што приказна се одвива во душевна болница. В петок премиерно во Драмски. Режисер е Ристо Алексовски.

Актерите велат- ова бил вистински предизвик. Имале 25 проби за да успеат да ги доловат ликовите и нивната душевна состојба. Ова е комплексен проект, кој трае нешто повеќе од два часа, вели директорот Тасевски.

Претпремиерата на „Лет над кукавичјото гнездо“ е закажана за четврток, премиерата е в петок. Репризното издание е закажано за 27-ми декември.

 

Викторија Милевска