Концерт на Филхармонијата посветен на Драган Ѓаконовски- Шпато

21.12.2017 10:39

Диригент на вечерашниот концерт е Џеси Милинер од Германија, композитор, аранжер и пијанист, кој е задолжен и за оркестрациите на дел од композициите. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, на сцена ќе има и бенд во состав: Мартин Ѓаконовски - контрабас, Гордан Спасовски - пијано, Левин Ѓаконовски - тапани и Франческа Рајтер - виолина, а ќе учествуваат и Џон Илија Апелгрен - вокал и Кирил Кузмановски - саксофон.

„Филхармонија за Шпато“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија,  посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато по повод 30 години од неговата смрт (1931-1987). Шпато е композитор, диригент и музички аранжер кој се смета за зачетник на македонската забавна музика.

Диригент на вечерашниот концерт е Џеси Милинер од Германија, композитор, аранжер и пијанист, кој е задолжен и за оркестрациите на дел од композициите. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, на сцена ќе има и бенд во состав: Мартин Ѓаконовски - контрабас, Гордан Спасовски - пијано, Левин Ѓаконовски - тапани и Франческа Рајтер - виолина, а ќе учествуваат и Џон Илија Апелгрен - вокал и Кирил Кузмановски - саксофон.

Ќе бидат изведени меѓу најубавите композиции на Шпато, како „Далечен крај“, „Те носам во себе“, „Глас од далечината“, „Без повраток“, „Дојди есен“, „Молчи една долина“, „Убава со како музика“, „Зар вистина е крај“, „За нас почнува живот“...

Зад себе остави вистинско звучно богатство чија убавина, автентичност и влијанието кое што го изврши не е надминато. „Во име на цветот“, „Гарача“, „Далечен крај“, „Жолта липа“, „За нас почнува живот“, „Зар вистина е крај“; „Лени“, „Ми вети ти“, „Молчи една долина“, „Носталгија“, „Последен ден на разделбата“, „Љубовна тема“... се дел од вокалните композиции кои не се само печат на едно време, туку се дел и од ова наше денешно совремие, особено сликајќи го животот во Скопје, преку лириката, но и преку музичката содржина, формата, хармонските решенија, наративноста, наведува Филхармонијата.