Комеморација- Иван Карадак

Студиото во кое се снимаше „Хихирику“ ќе го носи името Карадак

21.12.2017 14:56

Во Македонската Радио- телевизија се одржа комеморација за големиот автор Иван Карадак, заштитниот знак за култната радио- емисија „Хихирику“. Во чест на Карадак, студиото во коешто се снимаше легендарната „Хихирику“ ќе го носи неговото име- Иван Карадак.

Иван Карадак- ако беше човек кој ги засмејуваше сите околу себе, најчесто беше смртно сериозен, велат актерите на популарната „Хихирику“, која четири децении секоја недела во 11 часот се емитуваше на првата програма на Македонското радио. Таткото на модерната македонска сатира, мајсторот на својот занает, си замина тивко и без збор, далеку од рефлекторите, без церемонии и фанфари, токму така како што сакаше, се присети неговата ќерка, Марта Маркоска. Вели- така и живеел.

Актерите на легендарната „Хихирику“, се простија од креаторот на неповторливата емисија, на начин на кој тој би сакал.

Беше автор на неколку театарски пиеси, книги со афоризми, театарски претстави, сценарија, телевизиски драми и серии. Добитник на повеќе награди. Еден од наијстакнатите и најафирмирани македонски автори во жанрот на хуморот и сатирата.

Во чест на големиот Карадак, студиото во коешто се снимаше легендарната „Хихирику“ ќе го носи неговото име- Иван Карадак.

 

Александра Спировска