ИНТЕРЕН ОГЛАС: Одговорен уредник на Прв програмски сервис на МТВ

25.12.2017 15:49

Врз основа на член 21 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија (Сл.весник на Р.М.бр.41/14, 61/15 и 39/16) и член 66 став 1, алинеја 10 од Статутот на ЈРП МРТ бр.01-765/1 од 30.01.2015 и Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр.02-3092/2 од 22.04.2016 година и Измената и дополнувањето бр.01-6954/3 од 07.10.2016 година, Директорот на МРТ распишува;

ИНТЕРЕН ОГЛАС

За  именување работник со посебни овластувања и одговорности

 

Член 1

            Се објавува интерен оглас, за избор на работник со посебни овластувања и одговорности – Одговорен уредник на Прв програмски сервис на МТВ, кое е предвидено во Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр.02-3092/2 од 22.04.2016 година и Измената и дополнувањето бр.01-6954/3 од 07.10.2016 година.

            Кандидатите што ќе се пријават на огласот треба да ги исполнуваат општите услови предвидени во Законот за работни односи и посебните услови за вршење на работата предвидени во Законот за јавните претријатија, Правилникот за систематизација на работни места на Јавниот радиодифузен сервис Македонска радиотелевизија со Табеларен приказ на работните места бр.02-3092/2 од 22.04.2016 година и Измената и дополнувањето бр.01-6954/3 од 07.10.2016 година и тоа:

Посебни услови утврдени со Законот за јавните петријатија за давателите на услуги од категоријата А се:

- Најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

работно искуство, и тоа:

      - за нивото А1 најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.

Неделното работно време на Одговорниот уредник се утврдува со работните задачи кои одговараат на полното работно време од 40 часа неделно, основната нето плата изнесува 38.429,00 денари.

Кандидатите се должни да достават пријава со приложување на докази за исполнување на условите на работното место и доставаат програма за работа и кратка биографија – CV.

      Право да се пријават на овој оглас имаат сите вработени во ЈРП МРТ кои имаат статус на даватели на јавни услуги согласно Законот за вработени во јавен сектор и Законот за јавните претпријатија.

      Се мотивираат вработените кои се заинтересирани да се пријават на огласот.

      Интерниот оглас ќе биде објавен на огласната табла на МРТ и на ВЕБ страната на МРТ.

   Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.