Стојанче Стоилов спортист на Македонија за 2017 година

27.12.2017 10:29

За мене ова е голема чест да се добие оваа награда, пред се дека многу врвни спортисти ја имаат добиено истата. Сепак, ракометот не се игра сам, па затоа сакам и да им се заблагодарам на соиграчите од клубот и од репрезентацијата на Македонија, кои ми помогнаа да го постигнам овој успех, изјави Стоилов.

Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов е избран за спортист на Македонија за 2017 година.

Тој со својата екипа оваа година ја освои титулата европски првак, а наградата на вечерашната свеченост што се одржа во Драмскиот театар во Скопје му ја врачи премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

За мене ова е голема чест да се добие оваа награда, пред се дека многу врвни спортисти ја имаат добиено истата. Сепак, ракометот не се игра сам, па затоа сакам и да им се заблагодарам на соиграчите од клубот и од репрезентацијата на Македонија, кои ми помогнаа да го постигнам овој успех, изјави Стоилов.

Наградата најдобра спортиска на Македонија за 2017 година ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Коџаели, Турција.

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на европскиот првак Вардар Раул Гонзалез ја доби наградата за најдобар селектор за 2017 година.

За најуспешна федерација беше прогласена Ракометната федерација на Македонија, додека признанијата за најуспешни национални тимови ги добија јуниорската ракометна репрезентација кај мажите и кадетската ракометна репрезентација кај жените.

Специјална награда доби Дејан Георгиевски (таеквондо), додека признанието спортист со инвалидитет го доби пливачот Андреј Стојановски.

Ракометарот Кирил Лазаров доби награда за посебни заслуги.

Најуспешни млади спортисти за 2017 година се: Петар Заборски (карате-мажи) и Симона Симовска (карате-жени).

Признанија во училишниот спорт добија: ОУ„Страшо Пинџур“ - Кавадарци (основни училишта) и СОУ „Никола Карев“ - Струмица (средни училишта). Награда имаше и за женската карате екипа борби при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Организаторот на свеченоста беше Агенцијата за млади и спорт.