Презентирана нацрт- стратегијата за културен развој

27.12.2017 15:11

Министерството за култура на јавна презентација ја претстави нацрт- стратегијата за културен развој на Република Македонија во периодот од 2018-та до 2022-ра година, како и нацрт- акцискиот план за 2018-та...

Со нацрт- стратегија за културен развој 2018- 2022 и нацрт- акциски план за 2018-та година, ресорното министерство ќе се справува со долговите од минатото и проектот „Скопје 2014“- истакна министерот Алаѓозовски. Двата стратешки документа треба да овозможат еднакви културни права, да се создадат услови за негување на слободата и разноликоста на творештвото, уметничката извонредност и иновација, но и ревитализирање на културните институции.

Три месеци, колку што траеа јавните расправи за креирање на нацрт- стратегијата и акцискиот план, се многу краток период за да се коригира штетата што е направена во културата, велат од невладините.

Министерот информираше дека за период од три месеци беа реализирани 15 средби и дебати со стотици претставници и работници од областа на културата.

 

Александра Спировска