„Полноќни огномети“ во Македонска филхармонија

28.12.2017 10:32

Овој музички настан, кој прерасна во традиционален и е привлечен за пошироката публика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност, Македонската филхармонија го враќа по неколку години пауза.

Вечер во Македонската филхармонија ќе се одржи новогодишниот гала концерт , насловен како „Полноќни огномети“. Овој музички настан, кој прерасна во традиционален и е привлечен за пошироката публика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност, Македонската филхармонија го враќа по неколку години пауза.

Се најавува поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и ќе види дела од латино- американската музичка култура, но и валцери.

Со концертот ќе диригира славниот израелски маестро Јерухам Шаровски, а како солисти ќе настапат истакнатите македонски вокални уметници Милена Арсовска- сопран и Иван Наумовски, бас- баритон, кои кариерата ја градат надвор од земјава.