„Клетници“ премиерно во Прилепскиот театар

29.12.2017 10:32

Ансамблот на Прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“ вечер премиерно ќе ја изведе последната претстава годинава. Претставата „Клетници“ според делото на Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски се очекува со нетрпение од публиката, ќе има две премиери. Ова е прво поставување на македонска сцена на ова големо дело, истовремено, кога е на сцената на европските театри...

Борбата за праведност и љубовта кон човештвото се најважните теми во животот кои совршено ги обработува францускиот писател Виктор Иго, но и предизвик за театарска претстава.

Првото поставување на „Клетници“ на сцената на македонски театар е гордост, но и голем обврска за ансамблот на Прилепскиот театар, смета екипата која четири месеци напорно работеше да го постави класичното дело „Клетници“.  Темата се работи во вистински момент.

Ако се има предвид дека „Клетници“ овој месец на сцена го постави Берлинскиот театар, за 40-члената актерска екипа е голем дострел.

Автор на драмскиот текст е Горјан Милошевски, драматург е Владимир Ѓорѓијоски, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката на групата Фолтин.

 

Елизабета Митреска