Финансии

Задолжувањето со државни хартии од вредност догодина 5,454 милијарди денари

29.12.2017 10:44

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии...

Владата вчера одлучи максималниот износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2018-та година да изнесува 5,454 милијарди денари или 88,6 милиони евра.

Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува, во согласност со буџетот за 2018-та година и врз основа на Законот за јавен долг.