Џијан Емин ќе диригира во Унгарија

29.12.2017 13:30

Емин ќе го води оркестарот „Данубија оркестра обуда“, и бенд од Унгарија. Програмата е составена од француски шансони, кои беа изведени и во Скопје минатата година, на концертот „Париз те сакам“...

Македонскиот композитор, диригент и аранжер Џијан Емин на 4-ти и 5-ти јануари ќе диригира на два концерта во Будимпешта, во салата Мупа- една од најпрестижните во Унгарија.

Емин ќе го води оркестарот „Данубија оркестра обуда“, и бенд од Унгарија. Програмата е составена од француски шансони, кои беа изведени и во Скопје минатата година, на концертот „Париз те сакам“, по повод Денот на вљубените, чии аранжмани беа на Емин.

Концертите се распродадени од пред еден месец, а ќе бидат изведени познати евергрини од Ив Монтан, Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жо Дасан.