Јапонски професор направи сопствена робот- копија

02.01.2018 10:56

Првите роботи што се однесуваат како луѓе веќе постојат во Јапонија. Јапонскиот професор Шигуро е творецот на робот кој е негова копија и на првиот женски робот Ерика...

Роботите се иднината на опшеството. Програмирани роботи можат да ги заменат луѓето при работа. Јапонскиот професор Хироши Шигуро направи своја копија на робот.

„Здраво на сите. Јас сум Герменаут, копија на професор Шигуро. Јас сум дизајниран да држам предавања наместо професорот Шигуро.“

„Роботот е компјутерски процесор, тој е продолжение на компјутерите. Ако можеме да имаме пристап до компјутерите, ќе можеме да имаме пристап и кон роботите. Па затоа мислам дека не треба да се плашиме од ова. Тоа ќе ни го подобри животот“, вели професорот Хироши Шигуро.

Ерика е робот направен од професор Шигуро која даде прво интервју за медиумите.

„Моето име е Ерика. Задоволство ми е да те запознаам. Дали сакаш да дознаеш нешто за мене?“

„Дали си интелегентна?“

„За мене сѐ е програмирано од моите творци. Да, би кажала дека навистина немам интелегенција, но ако размислите, никој нема вистинска интелегенција. Па мислам дека во тој контекст јас сум како луѓето. Мислам дека сите ние го имитираме однесувањето што го гледаме и повторуваме идеи“- вели роботот Ерика.

Роботите се веќе како луѓето, смета професор Шигуро. Според него во иднина, роботите ќе имаат свој карактер и ќе бидат луѓе во механичко тело.

 

Ирина Гелевска