Калифорнија ја легализираше рекреативната употреба на канабисот

02.01.2018 12:09

Лиценца за продажба добија околу 90 продавници, а дозвола за купување има секој што наполнил 21 година. Законски дозволената доза е 28 грама или шест стебла.

На новогодишната ноќ, Калифорнија стана најголемата сојузна држава во САД, која легализираше рекреативна употреба на канабисот. Историската одлука беше изгласана 20 години по легализирањето на медицинската марихуана.

Лиценца за продажба добија околу 90 продавници, а дозвола за купување има секој што наполнил 21 година. Законски дозволената доза е 28 грама или шест стебла.

Се проценува дека до 2020 година овој пазар ќе вреди седум милијарди долари годишно.