Легализација на дивоградби

Поднесување барања за легализација на дивоградби до крајот на годината

02.01.2018 13:10

Услов за озаконување на објектот е да биде изграден заклулучно со 3-ти март 2011-та година, како што се предвидуваше со првото законско решение.

Од денеска може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградбите, а рокот трае до крајот на годинава. Услов за озаконување на објектот е да биде изграден заклулучно со 3-ти март 2011-та година, како што се предвидуваше со првото законско решение.

Барањата се поднесуваат до општините, каде што се приложува платена сметка за струја или вода, а постапката за легализација предвидува и геодетски елаборат.