Полска: Не за нови мигранти

02.01.2018 15:18

Поради ваквиот став, Варшава има длабоки несогласувања со официјален Брисел.

Полска нема да прифати нови мигранти и ова е наша суверена одлука- потврди полскиот премиер Матеуш Моравјецки во своето новогодишно интервју.

„Ние секогаш сме на мислење, формулирано од Законот и правдата пред изборите од 2015 година, дека нема да примаме мигранти од Средниот Исток и Север. На источните граници на Европската унија, многу придонесуваме кон намалување на тензиите, бидејќи ние веќе примивме десетици илјади, и можеби дури и десетици илјадници бегалци од Украина. Нема да им дадеме статус на азил“, вели Моравјецки.

Поради ваквиот став, Варшава има длабоки несогласувања со официјален Брисел.