Внимателно со храната за празниците

02.01.2018 15:43

Лекарите препорачуваат умерено консумирање на храна и алкохол. За да уживаме во празничните денови единствен услов е да сме во добро здравје...

Невообичаено мирно минале новогодишните празници за дежурните тимови на Итната медицинска помош. Не се претерувало со храната и алкохолот. Се внимавало и зад воланот. Мал дел од интервенциите биле итни и ургентни, регистрирана е само една сообраќајна несреќа

„Најмногу ни се јавија граѓани коишто имаа проблем со консумирање храна и алкохол. Меѓутоа, бројот на интервенциите во однос на овој тип граѓани беа една до две ургентни, а од 10-тина кои се јавија поради алкохолизирана состојба само пет беа однесени на токсикологија. Оние што консумирале алкохол не управувале моторно возило и затоа бројот на интервенции ни се намали“, изјави д-р Василаки Карабашев - Брза помош.

Лекарите велат, граѓаните извлекле поуки како да се однесуваат на празничната трпеза.

„Младите помалку внимаваат, возрасните повеќе внимаваат. Годинава имавме помалку сообракајќи.“

„Внимавав за празниците, со оглед на моите години и здравствената сосотојба, секако дека внимавав.“

„Воопшто не пијам алкохол.“

„Многу внимамавме, се напивме по една чаша“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Совет од лекарите, граѓаните да бидат дисциплинирани и во текот на Божикните празници, особено оние кои постеле, да јадат лесни и мали оброци.

Лекарите апелираат граѓаните, а особено хронично болните да внимаваат колку и каква храна консумираат и да не претеруваат со алкохолот.

 

Андријана Атанасовска