Заев: 2018-та ќе биде добра година, време е за работа- не за избори

02.01.2018 16:37

2018-та ќе биде добра година, време е за работа, а не за избори- изјави премиерот Заев по средбата со министерот Тевдовски. Најави економски прогрес, инвестиции, нови работни места. Во декември реализирани над 20 насто капитални инвестиции...

2018-та ќе биде добра година. Време е за работа, а не за избори изјави премиерот Заев по средбата со министерот Тевдовски. Најави економски прогрес, инвестиции, нови работни места.

Дефинитивно 2018-та може да биде одлична година за Република Македонија, заради тоа што можеме да добиеме датум за отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ, а можеме и да ја добиеме поканата од НАТО за полноправно членство. Со тоа дефинитивно и економијата ќе добие силен ветар во грб за да оди напред, а тоа ќе значи поквалитетен живот за сите граѓани, посочи премиерот Заев.

Во декември реализирани над 20 насто капитални инвестиции, вели првиот финансиер Тевдовски. Биле исплатени најголем дел и од наталожените обврски од минатите години. Годината ја завршивме со 96 проценти реализација на средствата од ИПА програмата, посочи премиерот.

Годинава е можно решение на проблемот што го има Грција со нашето уставно име. Премиерот Заев оптимизмот го темели на фактот дека во првото полугодие вистински може да се навлезе во неговото решавање. За време на приватната посета во Солун и средбата со градоначалникот Бутарис, телефонски разговарал и со грчкиот премиер Ципрас.