Ветерот го расчисти воздухот во Скопје

03.01.2018 10:44

Два дена енормна загаденост, а потоа малку чист воздух. Изутрината на сите мерни станици ниско ниво на ПМ-10 честичките.

Аерозагадувањето во Скопје како по принципот топло- ладно. Два дена енормна загаденост, а потоа малку чист воздух. Изутрината на сите мерни станици ниско ниво на ПМ-10 честичките.

Ветерот што од синоќа почна да дува во скопската котлина го расчисти загадениот воздух. Од ноќеска по 22 часот според мерењата, концентрацијата на ПМ-10 честичките се под максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар. Утрово, највисоки се вредностите во Кавадарци.

Од загадениот воздух најмногу на удар се децата, возрасните и хронично болните. Во детската болница Козле е зголемен бројот на прегледани. Состојбата се следи, велат од животна средина. Активирање на мерките ако два дена последователно аерозагадувањето е високо.