Полицаец повреден во обид да одземе нож при семејна расправија

03.01.2018 10:58

33-годишниот кумановец, кој бил пуштен на домашно отсуство од затвор, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга.

Вчера во Куманово, полицаец се здобил со расекотина откако се обидел да одземе нож при семејна расправија. 33-годишниот кумановец, кој бил пуштен на домашно отсуство од затвор, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга.

Нејзиниот син почнал со раце да го турка и од масата земал кујнски нож. Пристигнала полицијата и при обидот да му го одземе ножот, еден полициски службеник се самоповредил на дланката од левата рака.

Осуденикот бил приведен и спроведен во Идризово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.