Македонија е неславен рекордер за приемот во НАТО

03.01.2018 11:05

Националниот НАТО координатор Стево Пендаровски во интервју за МТВ вели- за надминување на разликата за името, задолжително ќе се оди на референдум. Очекува да не се повтори Букурешт...

Доколку се искристализира сериозен предлог за надминување на разликата за името, задолжително ќе се оди на референдум, порачува во интервјуто за МТВ националниот НАТО координатор Стево Пендаровски. Тој очекува да не се повтори Букурешт.

„Референдум за името мора да има, тоа го кажаа и ресорните министри. На крајот на патот мора да има, се разбира ако претходно добиеме, јас би рекол некој нормален и разумен предлог кој би можел да оди на референдум, бидејќи не можете секоја глупост во тој просек што може да се случи, да ја ставите на референдум и да малтретирате двомилионска нација да се изјаснува за штогоде“, вели Пендаровски во интервју за МТВ.

Со Пендаровски разговараше Зоран Богатинов. Инервјуто може да го погледнете на следниот ЛИНК