Македонија атрактивна за воздухопловните спортови

03.01.2018 11:15

Македонија има репрезентација, сениорска и јуниорска, за врвни меѓунарони натпререварувања во воздухопловните спортови: моделарството и беспилотните летала. Освен тоа, спортскиот аеродром кај Прилеп веќе се етаблираше како еден од најдобрите, не само на Балканот, за одржување светски купови. Оваа година е голем предизвик, особено што ќе бидеме домаќини на меѓународни натпревари. Дури и на дронови, нов спорт кој зема замав...

Македонија направи исчекор во воздухопловните спортови, но и во организацијата на светски купови и европски шампионати, заклучуваат од прилепскот клуб „Феникс“, но и од Македонската федерација. По повеќе децениии репрезентативците се покажаа на светското првенство во Унгарија, а јуниорите се подготвуваат годинава за светскиот шампионат во Бугарија. 12-годишната Анастасија Пожарска, потекнува од семејство кое страсно ги негува водухопловните спортови.

„Ме привлекува летањето, како спорт е посебен. Мојата желба е да земам пласман на некој натпревар“, вели Пожарска.

Спортскиот аеродром кај Прилеп стана средиште на европски и светски-куп натпреварувања. Учесниците од Европа велат дека е исклучителен терен. Taму, се одржуваат, како Чешка, и национални првенства.

„Овој спортски аеродром во Прилеп е еден од најдобрите терени кои досега сум ги видел. Нема препреки, многу битно за летаталата кои морa да се вратата назад. Oвој терен тоа го овозможува“, вели Јоже Чуден, меѓународен судија од Словенија.

Годинава ќе има светски-куп натпревари, а се пробиват и натпреварите во дронови за кои прв пат Македонија беше домаќин есеноска.

Беспилотните летала, дроновите, ракетното моделарство и годинава ќе бидат предизвик за македонските натпреварувачи, но и за организирање светски купови.

 

Елизабета Митреска