Иран: Масовни протести за поддршка на власта

03.01.2018 12:32

Собирот на провладините поддржувачи е реакција на еднонеделните протести на антивладините демонтранти, во кои досега загинаа најмалку 21 лице, а упасени се над 450 демонстранти.

Десетици илјади Иранци, кои ги поддржуват врховниот верски водач, ајатолахот Хамнеи и претседателот Хасан Рохани, се собираа на демонстрации во најголемите градови Ахваз, Арак, Илам.

Собирот на провладините поддржувачи е реакција на еднонеделните протести на антивладините демонтранти, во кои досега загинаа најмалку 21 лице, а упасени се над 450 демонстранти.

„Сѐ што ја загрозува националната безбедност и индивидуалните и јавните интереси, според законот ќе се смета за криминал. Тие кои ги извршуваат кривичните дела ќе бидат осудени од државата и законот“, вели Мохамед Бакер, портпарол на Владата.

Антивладините протести во државата започнаа како одговор на одлуката на Владата за поскапување на основните животни продукти.